Проектот за идниот предводник на BMW – X7 може повторно да биде актуелен, со оглед на брзо растечката палета на SUV модели на марката.Производството на Х7 требаше да започне претходната деценија, но економската криза и драстичниот скок на цените на горивата на глобално ниво ја принудија германската компанија да го замрзне проектот. Сега, сепак интересот за SUV моделите е во пораст и шансите за ревитализација на Х7 повторно се реални.
Според германскиот весник Handelblatt, BMW планира да составува Х7 во американскиот град Спартанбург, во Јужна Каролина, каде што во моментов се произведуваат моделите Х3, Х5 и Х6. Ако проектот за Х7 добие зелено светло, тоа ќе значи и сериозна модернизација на фабриката во Спартанбург, каде капацитетот ќе биде зголемен од 100.000 на 400.000 возила годишно. Освен Х7, таму ќе се произведува и новиот Х4.
Сеуште не се знае многу за Х7, но има информации дека проектот се развива заедно со Rolls-Royce. Британскиот луксузен бренд исто така, размислува за свој модел со повисока проодност – кросовер или SUV, за да одговори на Bentley. Во RR веќе ја користат платформа на BMW за производство на моделот Ghost и соработката меѓу двете марки е примерен за концернот.