И BMW ќе ги преименува моделите?

Откако Mercedes-Benz одлучи да ги промени индексите на доста од модификациите, сега и од BMW планираат да направат некои промени во иста насока, а ќе започнат од најмоќните верзии на новото купе 2.
Информацијата е од форумот на фанови на баварската марка 2addicts, каде еден од корисниците се повикува на доверливи документи од компанијата. Моделите 228i и M235i ќе бидат преименувани во 230i и M240i. Аналогно промена на индексите ќе претрпат и варијантите на седанот од трета серија. Промените ќе бидат кај 328i и 428i, кои ќе бидат прекрстени во 330i и 430i, а модификациите 335i и 435i ќе станат 340i и 440i, соодветно. За сега од баварската марка не ја потврдиле оваа информација. Никаде не се наведени и причините за овие промени.

Новото купе од втората серија беше претставено кон крајот на минатата година. Верзијата 228i е опремена со 2,0 мотор со моќност од 245 коњски сили. Топ варијантата M235i е со шестак со моќ од 326 коњи. Од јануари 2015 ќе биде достапен и нов шестцилиндричен 3,0 литарски турбомотор со до 400 КЅ. Ова е една од можните причини за промена на индексите.

Покрај горенаведените агрегати во моторната гама на „двојката купе“ влегуваат уште бензински мотор со моќност од 184 коњски сили (220i), а исто така и четири дизел агрегати со моќ во опсег од 143 до 218 КЅ. Овие верзии ќе се викаат 218d, 220d и 225d. Малото купе може да се нарача со шест-брзински рачен менувач, како и со осумстепена автоматска трансмисија. Корпоративниот 4х4 систем се нуди исклучиво за модификација M235i.

- Реклама -