BMW ќе се појави во 2016 година?

BMW планира деби на својата нова изведба во „i“ гамата, поточно моделот i9 за 2016 година, како купе со четири врати, најверојатно базирано на i8.

За жал нема многу информации за новиот проект, но речиси е сигурно дека инженерите на BMW ќе користат карбонска конструкција како кај i8, како и најверојатно ќе се позајми од овој модел и целиот систем на погон – 1,5-литарскиот 3-цилиндерски агрегат со две турбини, електромоторите и литиум-јонски батерии. Ова ќе осигура моќност од најмалку 362 коњски сили и максимален вртежен момент 570 Nm.

Информациите за i9 се појавија во различни форуми за обожаватели на BMW, но се уште нема доверлив извор од компанијата кој може да потврди барем дел од планот за претставувањето на новиот модел од семејството „i“.

- Реклама -