BMW најавува светска премиера на 12 јули

BMW објави дека на 12 јули, за прв пат во историјата на брендот, за време на специјализираната изложба OutDoor 2013 во Фридрихшафен, ќе се одржи светската премиера на нов концептен модел.

За време на OutDoor 2013, ќе биде претставена концептниот модел Active Tourer Outdoor. Во моментов, од BMW не даваат никакви детали за својот нов концепт, со исклучок на тоа дека новоразвиениот автомобил комбинира удобност и динамичен дизајн со функционалност, како и мултимедијална и комуникациска поврзаност со помош на BMW ConnectedDrive.

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -