Од јули, BMW ќе воведе серија новини во речиси целата гама. Главната цел е зголемување на ефикасноста, подобрување на стандардната и дополнителната опрема, како и кревање на степен повисоко на задоволството во возењето на возилата.
Серијата 1 на BMW ќе ја добие нова основна верзија 114i, а во гамата на моделот ќе биде додадена и новата топ верзија M135i. За прв пат во историјата на компактниот луксузен автомобил, тој ќе се нуди со интелигентен систем за погон на сите четири тркала xDrive. Овој систем во иднина ќе биде достапен, доколку тоа е желба на клиентот, и кај варијантата 120d.
xDrive ќе добијат, за прв пат, и три бензински модификации на „тројката“. Развојот на палетата ќе продолжи со есенската промоцијата на 320d, новата шестцилиндерска дизел верзија 330d и високо ефикасната 320i EfficientDynamics Edition.
BMW Series 6 ќе може да се пофали со неколку нови системи за активна безбедност, а Series 5 Gran Turismo ќе добие нова моторна варијанта 520d, како и модифицирани агрегати во 530d и 550i.
Објавено во соработка со Авто Плус.