BMW, Toyota и Honda обвинети за кражба на технологии

Спроведена е истрага против три од најголемите автомобилски производители – BMW, Toyota и Honda, во САД. Тие се обвинети за кршење на патентните права при користење на термопластичен материјал за некои од компонентите на своите модели.

Комисијата за меѓународна трговија на САД (USITC) реагирала на жалба од страна на холдингот Ventures II, тврдејки дека вкупно 25 компании го искористиле материјалот без да имаат право на тоа. Меѓу овие компании се BMW, Toyota, Honda и некои нивни единици. Во жалбата се наведуваат и конкретни модели во кои се поставени компоненти направени од термопластика – Toyota Camry (2016), Honda Accord (2017) и BMW 228i.

Самиот материјал е патентиран од Ventures II, а од него се направени елементи за горивните пумпи електронските блокови за управување и други детали од моторите. Од трите производителот засега одбиваат да дадат свој коментар за ова, но од USITC најавија дека истрагата ќе заврши по околу еден месец и половина, па ќе биде познато дали ќе следат санкции или не?

Автоплус

- Реклама -