Лестер „Бо“ Меккејлеб одличен и во Италија

Навивачите на Монтепаски Сиена имаат причина за задоволство откако Лестер „Бо“ Меккејлеб и неговите соиграчи одиграа перфектен меч на стартот од плејофот во италијанскиот шампионат, декласирајќи го составот на Варезе со преубедливи 92:57.

На тој начин, актуелниот италијански првак најдобро им стави до знаење на ривалите дека нема намера да се симне од кошаркарскиот трон на Апенинскиот полуостров.

Домашните кошаркари целата работа ја завршија во првите десет минути, во коишто одиграа фуриозно и ја добија стартната четвртина со 30:5. Ваквата предност му даде можност на тренерот на Монтепаски да им даде можност да сите свои кошаркари да ги покажат своите квалитети, но и на најдобрите играчи да одморат пред следните предизвици во плејофот.

Прочитајте и:  Партија ќе ја тужи Мелони за „залудно потрошените пари“ за имигрантскиот камп во Албанија

Токму поради ова, Мекејлеб мина на теренот, за него скромни 23 минути, за коишто успеа да реализира десет поени (3/4 за два, 4/4 за еден поен), две асистенции и две украдени топки.

Објавено во соработка со Екипа.

- Реклама -