Џеј Зи, Бијонсе, Мадона, Ники Минаж, Канје Вест, Џек Вајт, Ријана, Алиса Кис, Дафт Панк… се само некои од славните имиња кои се собраа заедно со цел да го претстават новиот музички сервис.
„Нашата цел е едноставна: сакаме да создадеме подобар сервис и подобро искуство за обожавателите и за изведувачите, а тоа е и нашето ветување кон светот“, објаснила Алиша Кис во новата мисија на музичарите кои сакаат „да ја зачуваат значајноста на музиката во нашите животи“.
Познатите личности очигледно сакаат да покренат нова ера во музиката. Новиот сервис Tidal е музичка конкуренција на популарниот сервис Spotify, а првично ја покрена норвешката компанија Aspiro која ја купи Џеј Зи. За Tidal месечната цена се движи од 10 до 20 долари, а таа цена ветува дека нема да има реклами и ќе има подобар звук, а на располагање ќе има 25 милиони песни.
Како дополнителна содржина се наведени музички рецензии, критики и анализи од експерти од музичката индустрија. Сопственици се познатите музичари кои сакаат да ја заштитат оддржливоста на индустријата што се темели на креативноста и изразувањето.