Богојески до Каракачанов: „Вашата Бугарија е како крава која дава млеко, дава, па на крај го истура“

„Ајде на дуел?!?“ – повика Петар Богојески до бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана – Красимир Каракачанов, откако денеска во ТВ интервју тој порача дека не смее да ѝ се попушти на Македонија, притоа попатно навредувајќи го идентитетот на Македонците, но и македонскиот јазик, нарекувајќи го „балкански есперанто“.

„Јас и Вие сме историчари, по дел од нашето образование! Ајде на дуел? Јавно! Да видиме кој краде историја? Да видиме кој јазик е постар, македонскиот или бугарскиот?!? Ајде еднаш за секогаш да се расчистиме, за раат да бидат младите Македонци и Бугари и од мене и од тебе?!? Ве молам немојте на нас со приказната ‘коминтерна’, зашто Вие цел живот ѝ служите на Коминтерната и работите за болшевизмот!  Нема потреба од ‘доказателства’ нели?!?“, му порача Богојески, инаку претседател на „Македонски концепт“.

Во „поканата“ упатена преку Фејсбук, Богојески ја спореди Бугарија со крава која дава многу млеко, но на крајот го истура:

„Господин Красимир Каракачанов, Вашата Бугарија е како крава која дава, дава млеко и на крај ќе го клоцне! Така сега правите со ова Вашево смешно вето! Џабе први признавте независност, џабе први ретификувавте НАТО договор, џабе дадовте тенкови, џабе помогнавте со грчката блокада… сѐ џабе кога на крај сѐ ќе клоцнете со едно вето!“, пишува тој.

- Реклама -