Богомила, Гари, Галичник, Лазарополе – уживање во природа и чист воздух…

Ако се уште не сте се одлучиле каде ќе ги поминете првомајските празници, а не сте од оние групи на луѓе кои ќе заминат некаде надвор од границите, ние ви даваме неколку предлог идее, за да уживате во онаа што може да ни го понудите нашата татковина.

Имаме толку многу убави места, кои мора да се посетата.

Богомила

Се наоѓа во централниот дел на Република Македонија, во пазувите на Јакупица, Даутица и планината Бабуна. Претставува вистинска оаза за одмор на сите оние кои сакаат да избегаат од градскиот метеж. Пријатноста на просторот е надополнет со околните шуми, пространи ливади и секако бистрите и брзи води на река Бабуна, која тече низ селото. До Богомила лесно се стигнува со воз и со автомобил. Патот е пријатен и живописен. Сместување може да се најде во самото село. Може да изберете речно капење и да ги испробате пливачките способности во студените води на „Тасески вир“ место веднаш до реката Бабуна. За излет може да изберете некоја од околните ливади со дабови сенки во непосредна близина на селото. Но, Богомила нуди благопријатни услови и за лов и риболов.

Гари

Свеж и чист воз­дух, тем­пе­ра­ту­ра мно­гу по­ни­ска од таа во ур­ба­ни­те сре­ди­ни, жу­бор на во­да и неве­ро­јат­на ве­ге­та­ци­ја – уба­ви­на што ја ну­ди Ма­ке­до­ни­ја, а мал­ку­ми­на ја ко­ри­стат. За убавините на селото Гари, република.мк има прекрасна репортажа, која секој ќе го измами уште утре да замине таму.

Ве­лат мијачки­от крај е еден од нај­у­ба­ви­те кра­и­шта во зем­ја­ва. При­чи­ни да се по­се­ти ме­сто­то во па­зу­ви­те на Би­стра и на Сто­го­во има мно­гу. Не­до­пре­на­та при­ро­да на 1.100 ме­три над­мор­ска ви­со­чи­на е ви­стин­ско ме­сто за од­мор, но, ка­ко што ве­лат ста­ри­те гар­ци, са­мо за тие што зна­ат да ужива­ат и ја са­ка­ат при­ро­да­та.

Се­ло­то со око­лу 100 ку­ќи пле­ни со сво­ја­та ин­те­рес­на ар­хи­те­кту­ра, кла­ден­ци­те со сту­де­на во­да, ин­те­рес­на­та по­ста­ве­ност под па­ди­ни­те на две­те пла­ни­ни. По­ра­но ова би­ло зби­е­но се­ло, по­крив до по­крив. Де­не­ска бро­јот на ку­ќи е на­ма­лен, но пар­це­ли­те ни­кој не ги про­да­ва. Ако го про­да­дат ме­сто­то, уми­ра пре­зи­ме­то, фа­ми­ли­ја­та гас­не, се би­ти­су­ва. Ку­ќа­та ко­га ќе ја про­да­деш и да има кој да го нас­ле­ди пре­зи­ме­то, тоа уми­ра.

На­се­ка­де око­лу Га­ри има по­ста­ве­но клу­пи на кои мо­же да ужи­ва­те во уба­ви­от пог­лед. Над се­ло­то се на­о­ѓа крст, ка­де што на клу­пи­те че­сто ќе срет­не­те лу­ѓе што ужи­ва­ат во уба­ва­та гле­тка. До не­го се до­а­ѓа лес­но. Гар­ци рас­ка­жу­ва­ат де­ка е по­да­рок од нив­ни зем­јак.

Галичник

Поминувам низ Маврово, сместено под пазувите на Бистра. Ова е место ве пленува и во зима, и во лето, поради чудесната хармонија меѓу Мавровско езеро и околните планини. Поради надморската височина и положбата, селото има многу чист воздух, прекрасна планинска клима со свежи, пријатни лета и доста снежни зими. Со право се вели дека Галичник е еден од најубавите и најатрактивни делови во Македонија и Балканот. Селото Галичник е светски познато по Галичката свадба која традиционално се одржува секоја година на 12 јули – Петровден. Препознатлива е по единствените, оригинални и неповторливи свадбарски обичаи.

Лазарополе

Лазарополе е второ по големина село во Малореканскиот предел и се наоѓа 5 часа источно од Дебар на планината Бистра, прочуена по својата убавина. Околни планини се Јама и Лопушник на простор опкружен со бујни дабови и букови шуми, питоми планински пасишта. Поради овие поволни услови, во овој крај се развило и афирмирало сточарството, поточно овчарството познато по своите висококвалитетни производи, особено сирење и кашкавал.

Денес, селото станува омилено туристичко одредиште и е посетувано од многу домашни и странски туристи, особено во текот на летниот период.

Прочитајте и Зошто да одиш во Лазарополе

- Реклама -