Бои кои ќе ни го поправат расположението

Боите ни донесуваат различно расположение, па изборот на правилната боја на облека може да влијае врз вашето расположение.

Се разбудивте и се уште се чувствувате поспано, уморно, и ништо не ви оди од рака. Едноставен начин за подигнување на вашето расположение е да се одлучите за црвена облека која ќе ве натера да се фокусирате на себе, ќе ви пружи самодоверба и сила за превземање на контрола.

270680082355dc566b7b51edd864d1f1

Сината боја смирува, опушта и дава одредена доза на сериозност, па претставува одличен избор за денот кој треба да го поминете во канцеларија. Доколку додадете некој темно црвен детал, тоа ќе биде добитна комбинација.

Chic-Florescent-Color-Casual-Shirts-Turn-down-Collar-Pocket-Women-s-Shirts-Ladies-Blouse-Blue-Top

Виолетова боја карактеризира самоуверени и силни луѓе, некогаш оваа боја можеше да ја носи само аристократијата, но, доколку сакате околината да ги препознае вашите способности, оваа боја е најдобриот можен избор, само внимавајте да не претерате.

000397882alt1

Зелената боја не опушта и не приближува до природата, па токму заради ова е идеален избор за викендите. Доколку на работното место ви е стресно, оваа боја на облека може значително да помогне за смирување на ситуациите. Сепак, внимавајте да ја погодите нијансата која совршено ќе одговара на вашиот тен, бидејќи во спротивно може да се соочите со целосно промашување.

asos green dress

Доколку сакате да бидете спокојни, направете комбинација од сина и зелена боја, додека вашата моќ и креативност ќе дојдат до израз со златна, црвена, или бордо боја. Својот слободен дух најдобро ќе го изразите со комбинација на златно жолта или портокалова боја.

- Реклама -