Киев, 2 март 2022 (МИА) – Украинскиот пристанишен град Мариупол претрпува масовни жртви и се соочува со прекин на водоснабдувањето бидејќи се брани од непрекинатите напади на руските сили, изјави градоначалникот на украинскиот пристанишен град Вадим Боиченко.
Во директен пренос на украинската телевизија, Боиченко наведе дека „непријателските окупаторски сили на Руската Федерација направија сѐ за да го блокираат излезот на цивилите од градот со половина милион жители“.
Тој додаде дека руските сили гранатираат без престан веќе 12 часа.
„Денеска не можеме ни повредените лица да ги тргнеме од улиците, од куќите и од становите, бидејќи гранатирањето не престанува“, посочи Боиченко.