Согласно измените во Законот за игри на среќа, кои стапија на сила од 1 јануари годинава, во Албанија во првите два дена од 2019-та беа затворени над 4.300 обложувачници и електронски казина. Пред Нова година слични барања упатија и тетовчани на протестот предводен од движењето „Антикоцкање“.
Но пред да размислуваме на таква тема во Македонија, можеби е подобро да се запрашаме: Дали сме подготвени за такво нешто? Дали ќе го издржиме напливот на бесцелност и немање смисла кога утреден ќе се разбудиме без 10 кладилници во нашето најблиско опкружување? Момаков од Албанија не успеал, па напишал трогателна балада. Можеби нема да ги разберете стиховите, ама сигурно ќе ја разберете емоцијата:
Шега на страна, супер ќе биде ако некој читател/ка се потруди да преведе. Судејќи по видеото, сигурно е смешно. 🙂
виа Таратур