Болницата Ал-Шифа во Газа сè уште работи, соопшти СЗО

Најголемата болница во Појасот Газа моментално не е надвор од функција, спротивно на изјавите на палестинските власти изминатиот викенд.

„Ја нарекуваме функционална болница поради херојските напори на персоналот што остана“, рече портпаролката на Светската здравствена организација (СЗО) Маргарет Харис во вторникот во Женева.

И покрај прекините на струја и нападите, персоналот во болницата Ал-Шифа прави сè што може да се грижи за околу 700 преостанати тешко болни пациенти. Во изминатите 24 часа, 20 од нив починале, рече Харис, повикувајќи се на бројките на локалните здравствени власти.

„СЗО има свој персонал на северот од Појасот Газа“, рече Харис.

Како и останатото население, тие имаа проблеми да ги добијат основните потреби за храна и пијалоци.

Прочитајте и:  Израел се согласи на примирје со Хезболах

Болницата Ал-Шифа не е само најголема во Појасот Газа. Пред неодамнешните израелски напади, таа беше и најдобро опремена болница со најспецијализирани лекари, така што таму се лекуваа најтешко болните пациенти.

„Нивната евакуација ќе беше тешка дури и под најдобри услови без конфликт на улиците“, рече Харис.

МИА

- Реклама -