Во соседна Србија е основана нова автомобилска компанија, чија цел е да произведува, како компактни автомобили, така и возила од категоријата на супер спортски изданија. Предвидено е и производство на луксузни теренци.
Српската компанија се вика Aqos и според првичните информации ќе покаже прва продукција уште во март следната година, на автомобилскиот салон во Женева. Aqos е основана од Саша Милованчевиќ кој има претходно искуство од работата во големи автомобилски компании. Помош за оваа прилика Саша повикал од специјалисти од Германија, Велика Британија и Италија, а исто така и соработници од Универзитетот во Белград.
Најверојатно основниот модел ќе е Aqos 25 – мал автомобил со должина 3.85 метри. Тој ќе се опреми со 1.2-литарски мотор со моќност од 95 КЅ. На врвот ќе се позиционира Vale 45, а теренецот ќе се вика Peja 4XL Off Road.
Поинтересни имиња добија спортските автомобили, Zulu 60 е купе со заден пренос, а располага со V6 мотор со моќност од 270 „коњи“. Овој автомобил ќе забрзува до 100 km/h за 5 секунди, со максимална брзина од 260 km/h. Моделот Aqos Fastback пак ќе се нуди со две и со четири врати, а неговата должина ќе е 4.79 метри и маса – 1.600 килограми. Под хаубата ќе се вградува 3.2-литарскиот мотор со моќност од 370 КЅ, а забрзувањето до стотка ќе се одвива за 5.5 секунди.
Aqos Javier ќе е „шлаг на тортата“. Овој спортист ќе располага со V-twin десетцилиндерски мотор со зафатнина од 4.7 литри и моќност од 505 коњски сили. Максималната брзина е 330 km/h, а до стотка Javier ќе достигнува за 3,5 секунди.
Автоплус