Бони Тајлер ќе ја претставува Британија на Евровизија

Бони Тајлер (61), велшката пејачка позната по хитот „Total Eclipse of the Heart“ од 1983 година, ќе ја претставува Велика Британија на Евровизија во Шведска.

Британската комисија решила да го „подмлади“ тимот, со оглед на тоа што минатогодишниот претставник Инглберт хампердинк, кој го освои предпоследното место, има 75-години.

Тајлер ќе ја изведе нумерата „Believe In Me”, моќната балада снимена во Нешвил.

„Почестена и воодушевена сум што ќе ја претставувам сопствената земја на Песна за Евровизија, и тоа со толку убава песна. Ветувам дека ќе дадам се од себе“, рекла Бони Тајлер чиј најнов албум „Rocks & Honey”, утре ќе се појави на пазарот.


На 58-от избор за Евровизија ќе се натпреваруваат 58 земји, а како една од големите петорки, Британија (заедно со Италија, Франција, Шпанија и Германија), има обезбедено директно учевство во финалето на 18 мај.

Прочитајте и:  Граѓаните на Базел сакаат Евровизија и покрај критиките од екстремната десница

Британците досега пет пати имаат победено на овој фестивал, а последен пат триумфираше катрина со бендот „Waves“ во 1997 година.

- Реклама -