Во вторник, во Пекинг, по повод 10-тиот тенискиот турнир „China Open“, ќе се одржи егзибиционен меч помеѓу На Ли и Новак Ѓокович.
На Ли е најдобра кинеска тенисерка во историјата, има освоено еден Гренд Слем (French Open), а моментално е 5-та во светот. Ѓокович е веќе 100-та недела водечки на листата. Приходите од мечот ќе одат во добротворни цели.
Инаку, тоа ќе биде 5-ти меч од таканаречената серија „борба на половите“. Првиот е одржан во 1973-тата година, кога Боби РИгс ја победил тогаш најдобрата на светот – Маргарет Корт. Неколку месеци подоцна, Ригс бил поразен од Били Џин Кинг, која била во екот на силата.
Третиот двобој се одвивал меѓу Џими Конорс и Мартина Навратилова, во 1992-та, по извесни промени на правилата. Конорс имал право на само еден сервис по поен, а Навратилова можела да гаѓа и во делот од теренот што е наменет за парови. И покрај тоа, Конорс бил подобриот во мечот.
Во 1998-та, Карстен Брашч ги победил двете сестри Вилијамс. Играл по еден сет со секоја од нив, во периодот кога тој бил 203-ти на светот.
Во 2003-тата пак, играле Јаник Ноа и Жастин Хенин. Французинот победил и покрај тоа што играл во женско здолниште и не ги враќал ударите со полна сила.