Борел бара 90 отсто од приходите од замрзнатиот руски имот да се искористат за купување оружје за Украина

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска во Брисел побара речиси целиот приход од замрзнатиот руски имот да се искористи за купување оружје за Украина.

Тој пред состанокот на министрите за надворешни работи на Европска Унија, што ќе се одржи на 21 и 22 март, изјави дека ќе предложи ЕУ да искористи 90 проценти од приходот д замрзнатиот руски имот во Европа за купување оружје за Украина преку Европскиот фонд за мир.

Додека останатите десет отсто да се порефрлат во буџетот на ЕУ, кои ќе бидат искористени за зајакнување на капацитетите на украинската одбранбена индустрија.

Колегиумот на комесари на 5 март го одобри заедничкото соопштение на Европска комисија и Борел за новата европска одбранбена индустриска стратегија (ЕДИС), која покрај заедничките набавки, предлага зголемување на капацитетот за производство на муниција и инвестирање во понатамошниот развој на таа гранка на индустријата.

Прочитајте и:  Стано: Нападот со интерконтинентална ракета врз Украина е сигнал дека Путин не е подготвен за мир
- Реклама -