Борел доаѓа во Скопје

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија – Жозеп Борел, на 16 и 17 март ќе престојува во официјална посета на земјава, каде како што е најавено, ќе ја предводи делегацијата на ЕУ на 16-тиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Северна Македонија.

Борел, како што е најавено, најпрво на 16-ти март ќе се сретне со премиерот Димитар Ковачевски, а во петок на 17-ти март ќе претседава со Советот за стабилизација и асоцијација, каде државата ќе ја претставува премиерот Ковачевски, а Европската комисија ќе ја претставува комесарот Вархеи.

По Советот, во 11:30 часот ќе следи заедничка прес-конференција.

Како што е најавено, за време на посетата Борел ќе оствари повеќе билатерални средби, меѓу кои и со претседателот Стево Пендаровски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и со претседателот на Собранието, замениците-претседатели, координаторите на политичките партии и претседавачи на Националниот совет за евроинтеграции и на собраниската Комисија за европски прашања.

Прочитајте и:  Николоски: Ако сработиме добро со Франција, дипломатски тешкаш за едно попладне во Софија би го решил проблемот

Претходно, Борел на 15 и 16 март ќе ја посети Албанија, каде најавено е дека ќе се сретне со албанскиот премиер Еди Рама, пред да претседава со 12-тиот Совет за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Албанија на 16 март.

Овие посети, како што е посочено, ќе бидат можност да се разговара за билатералните односи меѓу ЕУ и двете земји, во согласност со нивните договори за стабилизација и асоцијација, како и да се разгледаат најновите случувања во двете земји и во Западен Балкан. Ова е првпат советите да се одржуваат во Тирана и Скопје.

По Скопје, Борел на 18 март заминува во Охрид, каде премиерот Ковачевски ќе биде домаќин на средбата на спрскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, како дел од дијалогот Белград-Приштина.

Извор: МИА

- Реклама -