Борел: Не може да се дозволи Израел да го блокира создавањето палестинска држава

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска во Брисел изјави дека не може да се дозволи Израел еднострано да го блокира создавањето палестинска држава по војната во Појасот Газа.

-Едно е јасно – Израел не може да има право на вето на самоопределувањето на палестинскиот народ, рече Борел на прес-конференција со неговиот египетски колега Самех Шукри.

Првио9т европски дипломат посочи дека Обединетите нации  го признаваат и многу пати досега го признале правото на самоопределување на палестинскиот народ и затоа никој не може да стави вето, јави „Тајмс оф Израел“.

Коментарите доаѓаат откако Борел вчера претседаваше со разговорите меѓу министрите за надворешни работи на ЕУ и највисоките дипломати од Израел, Палестинската управа и клучните арапски држави.

Прочитајте и:  Борел предложи ЕУ да го прекине политичкиот дијалог со Израел

Тој синоќа претстави патна карта која вклучува меѓународна конференција за решението со две држави за израелско-палестинското прашање.

Шефот на египетската дипломатија кажа дека постои „меѓународен консензус за неопходноста од решавање на конфликтот врз основа на решение со две држави“.

-Време е тоа да се спроведе и меѓународната заедница има средства, има ресурси, има механизми тоа да го направи, рече Шукри.

- Реклама -