Борел: Русија не сака преговори, сака да ја одвои Украина од морето

Мадрид, 24 март 2022 (МИА) – Руската влада засега не сака да склучи примирје бидејќи не ги постигнала своите воени цели, изјави високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел.

„Моментално, Русија не сака да седне да преговара за што било: она што таа сака е да ја окупира земјата. Сака да го опколи брегот до границата со Молдавија и да ја изолира Украина од морето. Таа сака сериозно да преговара само кога ќе обезбеди позиција на сила“, рече Борел во интервју за шпанската ТВЕ.

Борел, исто така истакна дека Европската унија и нејзините сојузници ќе продолжат да испорачуваат воена помош за украинската војска.

„Ова е важно бидејќи сè ќе биде решено во следните 15 дена. Она што ќе остане запишано во историјата е способноста на Украинците да пружат отпор“, потенцира Борел.

Прочитајте и:  Мицкоски: Очекуваме час поскоро да се стави крај на оваа руска агресија и да можеме нормално да функционираме и да се развиваме
- Реклама -