И Борисов за малку ќе бил „србизиран“

Треба да вojyваме за тоа која земја има подобар стандард, а не да мислиме на вojни и останати глупости, порачува бугарскиот премиер Бојко Борисов во интервјуто за српската телевизија „Прва“, истакнувајќи дека во минатото секоја од државите на Балканот била „Голема“, но дека сега е време и конечно почнуваат овдешните народи да се однесуваат како Европејци.

„Сакам да го поздравам српскиот народ и да речам браво за претседателот Вучиќ и да му заблагодарам на пријателството. Еве, зборуваме ние овде што сме правеле кога сме биле голема Србија, голема Бугарија, голема Македонија. Сите сме биле големи порано, сега почнуваме со почитување на соседите, како што прават сите Европејци. Австрија и Германија не се кapaaт за тоа кој јазик го зборуваат, ниту дали е поубаво во Виена или Минхен. Тие се кapaaт за тоа каде подобро се живее и колку илјади имаат дневно. Ние мораме да вojyваме за тоа која земја има подобар стандард, а не да мислиме на вojни и останати глупости. Вучиќ тоа го демонстрираше. Тој е европски политичар“, порача Борисов.

Прочитајте и:  Вучиќ за Би-Би-Си: Никогаш не сме го признале Косово, нормализацијата значи дека го чуваме мирот

Во интервјуто (ТУКА), бугарскиот премиер зборуваше и за тоа како Југославија за Бугарија била она што денес за нас е Запад, а призна и дека кога бил дете тajно гледал југословенска телевизија. (22:20 во видеото).

- Реклама -