Божиќ низ неколку неверојатни факти

Традицијата во божиќниот чорап да се врзуваат мандарини доаѓа од 12 век, од француските монахињи, кои поставувале чорап, полн со овошје, ореви и мандарини пред куќите на сиромашните. Пред мисирката во Англија традиционалното мени за Божиќ било свинска глава со сенф.

Американските научници пресметале дека Дедо Мраз мора да посетува 822 куќи во секунда, за да ги разнесе сите подароци во Божиќната ноќ, и тоа ако се движи со брзина од 650 милји во секунда.

Скоро 60 милиони божиќни дрвца годишно растат во Европа.

Францускиот збор за Божиќ – Noelq потекнува од францускиот израз „les bonnes nouvelles” или „добри вести”.

Највисоката елка во светот била поставена во Washington shopping mall во 1950 година, со  висина од  67 метри.

Песната на Џејмс Пиерпонт Jingle Bells од 1857 година првично се викала One Horse Open Sleigh и била напишана за Денот на благодарноста.

Во 1647 година, по Граѓанската војна во Англија, Оливер Кромвел забранува да се слави Божиќ. Забраната била  укината дури во 1660 година.

Snowman

Во 1999 година граѓаните на Мејн во САД направиле најголемиот снежен човек. Бил висок 34 метри.

Првите божиќни картички со комерцијална цел се направени од страна на Сер Хенри Кол во Лондон во 1843 година.  На нив е прикажано семејство кое пие вино. Една од нив е продадена во 2005 година за 8469.12 фунти.

Лампионите,  можеби доаѓаат од дриудите, древнокелтски жреци, кои сметале дека дрвото е извор на сите добра.

Jingle Bells била првата песна, распространета во вселената, кога на Gemini 6 астронаутите Том Стафорд и Воли Шира ја испеале на 16 декември 1965 година

- Реклама -