Бракоразводната парница за Ким е закажана за во мај

Kim-Kardashian-Pregnant-2013-HD-Wallpaper-1080x602

Бракоразводната парница за Ким Кардашијан и Крис Хамфрис е закажана за 6 мај, пренесува „Female First“. Иако реалити ѕвездата сакаше судењето да биде закажано за следниот месец, сепак, ќе започне дури за неколку.

Ким Кардашијан нетрпеливо го чека разводот од Крис, а поради стресот на кој е изложена, лекарите ја советуваат дека е неопходно да се опушти.

Таа неодамна беше примена во болница поради болки во стомакот, а нејзините најблиски стравуваат од негативните ефекти од постојаната вознемиреност.

Ким и Крис се венчаа во 2011 година, а нивниот брак траеше само 72 дена. ТВ ѕвездата која со својот дечко Кание го очекува своето прво дете, инсистира на развод, додека кошаркарот сака нивниот брак да биде поништен.

Бракоразводниот процес никако да добие свој епилог, па постојано се јавуваат некои нови проблеми и одолговлекувања. Пред само неколку дена адвокатот на Крис Хамфрис се откажа од застапувањето на кошаркарот, па сега тој е во потрага по нов застапник.

- Реклама -