Бракот е корисен за срцето

Бракот е корисен за срцето, а разводот ги зголемува шансите за кардиоваскуларни болести, според истражувањето меѓу 3,5 милиони жители. Американскиот колеџ за кардиологија ги објави податоците од најголемото истражување, направено за врската помеѓу брачната состојба и здравјето на срцето.

„Овие откритија секако не треба да ги присилат луѓето да се венчаат, но важно е да се знае дека односите со партнерот може да имаат важни импликации за здравјето”, објасни главниот автор на студијата Карлос Алвиар, соработник во њујоршкиот медицински центар “Langone “.

Разведените луѓе имаат многу поголема веројатност да имаат болест на срцето, отколку неврзаните мажи и жени. Вдовиците исто така имаат повисоки коефициенти на ризик од кардиоваскуларни болести во споредба со луѓето кои никогаш не биле во брак.

 

Прочитајте и:  Повеќе од 10 часа седење и лежење може да го ослаби срцето

Студијата покажува дека  пушењето, дебелината, хипертензијата и  дијабетесот, исто така се поголеми кај разведените луѓе или вдовиците. Според научниците женетите луѓе се повеќе склони да си помагаат едни со други за да бидат здрави.

Сопругите се грижат за здравата храна на своите мажи, кои од своја страна ја будат желбата кај жените да изгледаат добро, да вежбаат и да бидат убави. Воглавно, тоа е причината што бракот го намалува  ризикот од срцеви проблеми. Истражувањето покажува дека врската помеѓу бракот и здравјето на срцето е посилна кај младите парови. Кај нив здравиот брак ја намалува за 12% опасноста од срцева болест. Меѓу луѓето помеѓу 51 и 61 години ризикот се намалува со 7%, а со 4% кај паровите над 61 години.

- Реклама -