Деновиве испливаа шокантни слики од еден карипски остров чија обично кристално сина морска вода беше затрупана од плима од пластичен отпад.
Фотографирани на островот Роатан, Хондурас, сликите покажуваат пластичен прибор за јадење, кеси, шишиња и амбалажи кои пливаат заедно со и околу морските треви. Една од сликите, направена под вода, покажува до кој степен пластичниот отпад ја блокира сончевата светлина.
Се смета дека пластикава што доплива на Роатан потекнува од реката Монтагва во Гватемала. Каролин Пауер, која живее на Роатан и ги сподели сликите на социјалните мрежи, повикува луѓето сериозно да ја преиспитаат употребата на пластика, и тоа во секој мал аспект од секојдневниот живот – од користењето на пластични кеси, па до тоа дека тоалетната што ја купуваат е завиткана во пластична фолија.
https://youtu.be/sXEIcfVDwPk?t=7
* * *
Секоја година, во океаните завршуваат над 8 милиони тони пластика. Се проценува дека до 2050-та во океаните ќе има повеќе пластика отколку риби. Исто така се проценува дека во моментов во океаните и морињата има околу 51 трилион микропластични честици – 500 пати повеќе отколку ѕвездите во нашата галаксија. Ова загадување загрозува над 600 живи видови на глобално ниво.
Извор: Индепендент
Прочитајте и: Колку пластика произведуваме, колку пластика постои, и каде завршува