Бразил без Милитао на Светското првенство

Тешки вести стигнаа од Мадрид за бразилскиот селектор Карло Анчелоти. Најлошите предвидувања се потврдија — дефанзивецот Едер Милитао нема да учествува на Светското првенство со Бразил.

Играачот на Реал ја обнови повредата на мускулот на левата нога, што ќе бара хируршка интервенција, а неговото отсуство на теренот ќе потрае најмалку четири месеци, пренесе „Ас“.

Милитао почувствува болка на крајот од првото полувреме во натпреварот против Алавес, по што беше принуден да биде заменет. Првичната проценка укажуваше на пауза од четири до пет недели, но деталната магнетна резонанса потврди дека делкот ќе биде доста подолг.

По консултација со медицинскиот тим на клубот, одлучено е да се подложи на операција.

Прочитајте и:  (Фото) Информации за бугарскиот камион кој се запали на патот Валандово–Струмица

Очекувањето е дека ќе биде готов за стартот на новата сезона.

Фото/ Depositphotos