Бразил ќе клонира загрозени животни

Бразилски научници најавиле дека се подготвуваат да започнат со клонирање на неколку загрозени животински видови – категорија во која се вклучени животни како јагуар, гривест волк и црн лав.

Револуционерната иницијатива е дело на Brasilia Zoological Garden во соработка со EMBRAPA, агенцијата за земјоделско истражување на бразилската влада. Истражувачите тврдат дека не планираат целосно да ги обновуваат популациите на овие животни, туку само да го зголемат нивниот број во заробеништво, но додаваат дека бо екстремен случај би биле подготвени и да ги пуштат клонираните животни во природата.

Истражувачите од Brasilia Zoological Garden одбрале осум животни за иницијативата, повеќето од нив од Red List of Threatened Species составена од Chico Mendes Institute for Biodiversity Conservation и International Union for Conservation of Nature. Генетскиот материјал кој е потребен за клонирање на животните бил собран во текот на последните две години.

Геномите биле собрани примарно од мртви животни кои живееле во Церадо, огромната тропска савана која се простира во централен Бразил. Истражувачите велат дека имаат 420 примероци во нивната генетска банка. Следниот чекор ќе биде тренинг на истражувачите од зоолошката градина.

Овие животни нема да бидат првите клонирани од EMBRAPA – владината агенција во 2001 година успешно клонираше крава. Од тогаш во Бразил биле клонирани и други животни, вклучувајќи неколку крави и коњи. [Brazil embarks on cloning of wild animals]

- Реклама -