„Бразилскиот претседател шири руска и кинеска пропаганда“, велат САД откако тој ги повика „да почнат да зборуваат за мир“

Белата куќа остро го критикуваше бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва за обвинувањето дека САД ја „охрабруваат војната во Украина“.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, го обвини Лула дека „како папагал ја повторува руската и кинеската пропаганда“.

Лула, кој се претстави како посредник во мировните преговори за ставање крај на конфликтот, по посетата на Кина за време на викендот и неговиот состанок со кинескиот претседател Си Џинпинг, порача дека „САД треба да престанат да поттикнуваат војна и да почнат да зборуваат за мир“.

Околу две недели претходно, тој ја повика Украина да се откаже од Крим и да го отстапи полуостровот на Русија за да стави крај на војната, при што потенцираше дека, како што рече, украинскиот претседател Володимир Зеленски „не може да бара сè“.

Прочитајте и:  Мицкоски: Очекуваме час поскоро да се стави крај на оваа руска агресија и да можеме нормално да функционираме и да се развиваме

„Шефот на руската држава Владимир Путин не може да ја заземе територијата на Украина. Веројатно може да се разговара за прашањето за Крим, тој треба да ги преиспита работите. Ниту Зеленски не може да бара сè … На светот му треба смиреност … Мора да најдеме решение“, рече тогаш Лула.

Извор: МИА

- Реклама -