Бремената Кристина Агилера со гола фотосесија

Бремени и славни на насловни страни – тоа е денес нешто дотолку често, што веќе не успева ни да пробуди интерес кај многумина читатели. Но, идна мајка со гола фотосесија, тоа веќе залужава да се види, особено ако предметната гола ѕвезда е прекрасната  Кристин Агилера.

33-годишната пејачка, која е во очекување на нејзиното второ дете, учествува во дрска фотосесија за модниот магазин V Magazine и елоквентно докажува дека бременоста навистина може да и „годи“ на жената.

На една од фотографиите  Кристина позира со нејзиниот вереник Метју Ретлер, а двајцата не ја кријат страста меѓусебно. На други фотографии ја гледаме бремената пејачка, облечена во секси бел фустан, а на трети убавата ѕвезда е целосно соблечена, вешто комбинирајќи во едно провокација и стил.

Агилера вели дека во текот на целиот свој живот се чувствувала удобно во своето тело.

„Како жена, јас сум горда да го прифатам телото во секоја фаза од мојот живот – бестрашна и уверена пред неизвесноста која ја нуди животот.”

Ве потсетуваме дека Кристина има и 6-годишен син, плод на нејзината љубов со нејзиниот поранешен сопруг Џордан Братман.

- Реклама -