Британскиот пратеник Најџел Фараж нема да се воздржи од коментари за албанските имигранти во Обединетото Кралство, при што упатува апел до албанскиот премиер Еди Рама да ги прими назад сите Албанци осудени за различни кривични дела во Велика Британија.
Според него, „секој 50-ти Албанец во Британија се наоѓа во затвор“.
– Албанскиот премиер не пропушта да не критикува за Брегзит и вели дека Велика Британија е „потполно неодговорна, барајќи начини за протерување на имигрантите“. Рама тврди дека многу од нашите коментари по Брегзит се „целосно неприфатливи, а понекогаш и смешни“. Господине Рама, дали бевте свесни дека секој 50-ти Албанец во Велика Британија е зад решетки? Покажете малку добра волја и земете ги сите уште утре, бидејќи ова е лицемерно, изјави Фараж, пренесувајќи ги своите ставови на јавноста.
Фараж исто така ги критикувал и лидерите на својата партија за начинот на кој управуваат со имиграционата политика.
Во интервју за „Гардијан“ пред два дена, Рама упати критики кон британската политика за депортирање во трети земји на луѓе чии барања за азил се одбиваат.
Тој ја напаѓа владата на премиерот Кир Стармер, тврдејќи дека се прават напори за креирање „центри за притвор на имигранти“ со цел да сеорганизираат „центри за враќање“ во трети земји за сместување на одбиените баратели на азил.




