Британските власти запленија 2,4 тони кокаин вреден 96 милиони фунти

Британските власти извршија заплена на 2,4 тони кокаин, чija вредност достигнува 96 милиони фунти, на брод што пристигнал од Панама.

Дрогата била откриена под контејнери на бродот во пристаништето Лондон Гејтвеј, источно од главниот град, а операцијата била спроведена на основа на разузнавачки информации.

Според соопштението на Министерството за внатрешни работи, оваа заплена е шеста по големина во историјата на земјата.

Директорот на поморските гранични сили, Чарли Исто, истакна дека заплената е пример за посветеноста на службите во борбата против криминалот. Тој рече: „Нашата порака до овие криминалци е јасна: Повеќе од кога било, користиме разузнавачки податоци и меѓународна соработка за да ги нарушиме вашите операции.“

Британија се смета за еден од најголемите европски пазари за кокаин. Според Националната агенција за борба против криминалот, смртните случаеви поврзани со кокаин во Англија и Велс бележат пораст од 31% помеѓу 2022 и 2023 година.