Британско МO: Путин отпушта високи команданти поради воени неуспеси

Лондон, 19 мај 2022 (МИА) – Во денешниот извештај на Министерството за одбрана на Велика Британија, фокусот е на наводното отпуштање на руски високи армиски команданти затоа што не постигнале добри резултати во војната во Украина, јавија британски медиуми.

Лицата за кои се верува дека се отпуштени од рускиот претседател Владимир Путин се генерал полковникот Серхиј Кисел, кој командуваше со елитната 1-ва гардиска тенковска армија, бидејќи не успеа да го освои Харков, потоа вицеадмиралот Игор Осипов, кој командуваше со руската Црноморска флота, по потонувањето на бродот „Москва“ во април, како и началникот на рускиот Генералштаб, Валериј Герасимов.

Герасимов, според британското Министерство за одбрана, можеби и сè уште е на функција, но, најверојатно, ја изгубил довербата на Путин, јави Би-би-си.

Прочитајте и:  Путин: Денешниот голем напад е одмазда за украинските напади со американските ATACMS
- Реклама -