Брижит Бардо: Муслиманите се насекаде… Очајна сум…

Славната француска актерка ја критикуваше состојбата во Франција. Како што вели и самата, Франција не би требало да потсетува на Алжир, пренесуваат француските медиуми.

 

За францускиот неделник Valeurs Actuelles, Брижит Бардо вели дека Франција не е каква што некогаш била.

„Израсната сум во чест, патриотизам, љубов и почит кон својата земја, а сега, кога гледам во што се претворила, очајна сум“, изјави актерката.

Брижит Бардо во времето на таа некогашна Франција.

83-годишната Бардо вели дека е неприфатливо да гледа бурки на јавни места во Франција. Таа истакна дека не се борела против француски Алжир за да прифати алжирска Франција.

„Не ја пипам туѓата култура, идентитет и обичаи, па немојте ни да ги чепкате моите“, вели Брижит.

Актерката не беше многу поблага ни во критиките кон Европската Унија. Таа истакна дека Франција мора што поскоро да ја напушти ЕУ.

Бардо истакна и дека отворено ја поддржува Марин Ле Пен – политичарката од Националниот фронт.

- Реклама -