Брз и ефикасен рецепт за туршија

Рецептот што ви го претставуваме денеска се подготвува за 30 минути.

Состојки:

500 г. кисели краставички

500 г. зелени домати

500 г. карфиол

500 г. моркови

150 г. феферонки

1 л. оцет

200 г. сол

400 г. шеќер

5 л. вода

3 ловорови лисја

1 лажичка бибер во зрна

1 винобран

1 конзерванс

Подготовка:

1. Стаклените тегли измијте ги и исушете ги.

2. Излупете ги морковите, а карфиолот исчистете го и исечете го на цветови. Останатиот зеленчук оставете го во целост, со тоа што добро ќе го измиете и исцедите.

3.  Соединете ги водата, шеќерот, солта и оцетот, па оставете да зовријат. Тргнете ги од оган, додадете ловоров лист, бибер, винобран и конзерванс. Промешајте и оставете да се олади.

4. Во стаклени тегли редете го измиен зеленчукот, крастафичките, цветовите карфиол, доматот, морковите и феферонките, наизменично, додека теглата не се наполни.

5. Со оладениот прелив полејте го зеленчукот. Покријте со целофан и оставете на ладно и темно место.

Clipboard05

- Реклама -