Бучковски: Во ЕУ ќе влеземе со хармонизирани учебници со Бугарија

Во ЕУ ќе влеземе со хармонизирани учебници со Бугарија, смета Владо Бучковски – специјалниот претставник на Владата во спорот со Бугарија.

Во „Тема на денот“ во Дневникот на ТВ „Сител“, Бучковски потенцира дека промената на историските учебници е предвидена според Договорот за пријателство и добрососедство.

„Во Договорот е пишано. Тенденцијата е дека тие ќе бидат хармонизирани, не само кај нас, туку и во Бугарија. Сметам дека ќе влеземе во ЕУ со хармонизирани учебници. Историската комисија работи за иднината и генерациите“, рече Бучковски.

Прочитајте и:  Мицкоски: Ајде да го почитуваме Договорот со Бугарија, таму не стои дека треба да има уставни измени
- Реклама -