Буданов: Украина не планира да ги запре нападите на руска територија, и покрај загриженоста на западните партнери

Украина не планира да ги запре нападите длабоко на руска територија, и покрај загриженоста на западните партнери на Украина за можен руски одговор, изјави шефот на Главната разузнавачка управа на украинското Министерство за одбрана, Кирил Буданов.

Во интервју за „Фајненшл тајмс“ Буданов кажа дека таквата храбра тактика на напади со беспилотни летала предизвикува загриженост кај некои од партнерите на Украина, кои предупредуваат дека може да предизвика поостар одговор од рускиот претседател Владимир Путин, можеби дури и со употреба на нуклеарно оружје.

Буданов наведува дека Украина ќе продолжи да делува во длабочините на Русија за да ја „саботира воената машинерија на Путин“, пренесува агенцијата „Униан“.

„Не предвидуваме суштински промени во блиска иднина. Сè што направивме, ќе продолжиме да правиме и во иднина“, рече Буданов и оцени дека оваа година ќе биде тешка за Украина.

Прочитајте и:  Поделени мислења во ЕП: Едни бараат безрезервна поддршка за Украина, други обвинуваат и предупредуваат на нуклеарна апокалипса
- Реклама -