Бугарски новинар: Сите ние знаеме дека Македонците се Бугари и по 1944-та

Бугарија направи многубројни компромиси со РС Македонија – самата битка за тоа Македонците „да признаат дека до 44-та биле Бугари“ е компромис сама по себе – пишува бугарскиот новинар Николај Облаков, како одговор на отворената поддршка за Македонија што ја изрази Цветан Цветанов – поранешен потпретседател на ГЕРБ, партијата на актуелниот бугарски премиер Бојко Борисов, и вицепремиер и министер за внатрешни работи во првата влата на Борисов, а сега лидер на партијата Републиканци за Бугарија.

„Германското претседателство на Советот на ЕУ, државите членки и САД го поддржуваат почетокот на преговорите за членство на Северна Македонија во Унијата. Некои држави на Исток и сили во Северна Македонија и Бугарија работат против тој голем чекор на нашата сосетка на нејзиниот евро-атлантски пат. Каде се позиционира бугарската влада и Бугарија во таа геополитичка и концептуална матрица? Работиме ли во интерес на демократијата и просперитетот во регионот или токму обратното? Ние од Републиканци за Бугарија изразуваме полна поддршка за напорите на нашите пријатели и соседи од Северна Македонија за нивната евро-атлантска интеграција“, напиша Цветанов на Фејсбук.

Во неговиот одговор на постот на Цветанов, Облаков „ги побива трите главни аргументи“ против бугарското вето. Тој пишува:

„ТЕЗА 1: Бугарија треба да направи компромис за Македонија. Погрешно.

Бугарија направи многубројни компромиси со РС Македонија – – самата битка за тоа ‘да признаат дека до 44-та биле Бугари’ или како што е модерно ‘бугарски корени’ е компромис сама по себе. Прифатлив, но компромис, бидејќи сите знаеме дека и потоа тие се тоа. Компромисите започнаа уште со тоа што први го признавме постоењето на таквата држава и со бескрајното трпение за отвореното непријателско расположение.

ТЕЗА 2: Бугарија требало да направи повеќе за интеграцијата на Македонија. Можеби.

Бугарија постојано, со секоја влада во последните 30 години, беше најблизок пријател на Македонија и секогаш ја поддржуваше во сè. Исто како што би му прилегало на еден родител кон дете во пубертет. За разлика од Грција, на пример, која ја постигна својата цел. Бидејќи РС Македонија веќе сака да биде возрасна, мора да ги преземе своите одговорности, а не само придобивките. Во тој контекст, Бугарија не е обврзана да прави НИШТО повеќе од она што го направи досега. Бидејќи сакаат да бидат сфатени сериозно, во РС Македонија треба да си ги решат сопствените проблеми и да започнат одново.

ТЕЗА 3: Ветото против Македонија било заради изборите во Бугарија.

Се разбира дека е заради изборите. Зошто е тоа лошо – штом сте толку големи ‘демократи’, значи дека треба да прифатите дека ОГРОМНОТО мнозинство во Бугарија поддржува таква одлука. Всушност сте – токму заради тоа демократската заедница се крие зад своите дворски професори и медиуми и не сака да искаже јавно мислење – настрана од несиметрични и безумно досадни текстови со желботеки од типот: ‘кога ќе ја дигитализираме Македонија ќе ја присоединиме кон бугарската е-влада која ќе ја создадеме!’

Вистината е многу едноставна – која и од двете страни на границата ќе отстапи, ќе си ја потпише политичката смрт – независно кога ќе има избори“, коментира Облаков.

- Реклама -