Денеска во Парламентот на Бугарија дојде до инцидент поради одлуката за приклучување на земјата во Еврозоната. Некои од пратениците ги повикаа своите поддржувачи да го блокираат Народното собрание со цел да се спречи укинувањето на националната валута, левот.
На седницата, пратениците од проруската партија Обнова, на повик на нивниот лидер Костадин Костадинов, го немале пристапот до говорницата, а потоа Костадинов самостојно се искачил на неа.
„Денес е црн ден за Бугарија, нашата земја е на работ на пропаѓање“, изјави Костадинов, пренесувајќи ја гневот на оние кои се против промената на валутата.
Бугарските медиуми објавија фотографии од физичка пресметка помеѓу двајца пратеници во текот на инцидентот. Парламентарната група на „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ предложи отстранување на Цончо Ганев од Обнова од позицијата заменик-претседател на Народното собрание. Ова го објави пратеникот Даниел Лорер на своите профили на социјалните мрежи.
Причината за оваа иницијатива e ескалацијата на тензијата во пленарната сала, каде што Ганев удри пратеникот Јавор Божанков од коалицијата.
Поддржувачите на левот протестираа пред парламентарната зграда уште од утрово, а Костадинов ги повика демонстрантите да го блокираат парламентот.
Европската комисија вчера одобри преминување на Бугарија кон еврото од 2026 година, со што земјата ќе стане 21-та членка на Еврозоната.




