Бугарски пратеник бара казни за медиумите кои титлуваат превод од македонски: Тоа е еден ист јазик!

„Го повикувам Советот за електронски медиуми да направи мониторинг на телевизиите кои користат титлови при пренесувањето на вести поврзани со Македонија. Тоа е крајно несоодветно и треба да се прекине“, побарал пратеникот Красимир Богданов од „Обединети патриоти“, обвинувајќи ја Бугарската национална телевизија (БНТ) дека е платена од Сорос.

„Познат факт е, бугарската наука одамна го докажа, дека јазикот кој се говори во таа држава е регионална норма на бугарскиот книжевен јазик. Уште повеќе што во голем дел од современите граници на Бугарија се користи токму тој дијалект. Затоа сметам дека е крајно неумесно централните бугарски медиуми да продолжат да користат титлувани преводи кога пренесуваат вести поврзани со Македонија, без разлика што тој јазик е неразбирлив за граѓаните на Бугарија“, рекол Богданов во бугарскиот парламент коментирајќи го годишниот извештај на бугарскиот Совет за електронски медиуми (СЕМ).

Веста ТУКА.

- Реклама -