Бугарски професор во „Само вистина“ се извини за сите жртви за време на фашистичкиот период на Бугарија

Професорот од Софија, Иван Динев Иванов, кој предава на Американскиот универзитет во Синсинати, САД, вечерва се извини за сите жртви од фашистичкиот период во Бугарија.

„Јас жалам за секој еден човек кој е убиен во Македонија, а такви има… и не само за тие кои се убиени во Македонија, туку и за тие кои се убиени во Грција во Драмското востание. Јас во мое име кажувам дека жалам за секој еден човек. Дајте сега да погледнеме со други очи, еден кон друг, и да продолжиме напред“, порача Динев Иванов, кој гостуваше во „Само вистина“ на ТВ „Канал 5“.

Тој, обраќајќи им се на гледачите, вети дека нема да има „бугаризација“.

„Не се плашете браќа и сестри Македонци, нема начин да има бугаризација, ви го гарантирам јас, нема такво нешто“, рече Динев Иванов.

Тој им порача на Македонците да си го чуваат идентитетот, додавајќи дека тој сака земјава да го зачува идентитетот и да стане членка на Европската Унија и да соработува со Бугарија градејќи инфраструктура, градејќи човечки односи, уривајќи ѕидови и градејќи мостови со Бугарија и со сите останати земји.

Прочитајте и:  Реслер: С. Македонија мора да направи конкретен чекор, но и ЕУ да ја сфати геополитичката димензија - во неа нема место за билатерални уцени

Во однос на Договорот со Бугарија, тој посочи дека се направени грешки од бугарската страна.

„Грешки беа направени од бугарска страна. Има луѓе во политичката елита кои го искористија тоа намерно да направат една ‘срамота’ со ветото и тоа навистина создаде големи проблеми и голем негативизам. Денот кога ветото беше објавено јас кажав дека ‘Бугарија сама на себе си стави вето’. Претседателот Радев греши и тоа го кажав, дека тоа што претседателот Радев мораше да го каже е дека ние не можеме да го дозволиме антибугарскиот национализам во Македонија и тоа јас се согласувам, а со македонизмот јас немам проблем“, рече професорот.

Извор: МИА

- Реклама -