Бугарскиот претседател Радев е во самоизолација

Бугарскиот претседател Румен Радев е во самоизолација бидејќи неговата сопруга Десислава Радева е со позитивен тест за коронавирусот, соопшти неговиот кабинет.

Неговата сопруга е во добра состојба, а Радев бил негативен на тестот за ковид.

Како што се вели во соопштението, Радев ги откажал средбите закажани за следните денови.

Извор: МИА

- Реклама -