По иницијатива на бугарскиот претседател Румен Радев, во понеделник, на 30 септември, бугарскиот државен врв ќе одржи консултативна седница на која ќе се разгледуваат билатералните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија, во контекст на постигнатите резултати од работата заедничката комисија за историски и образовни прашања и очекуваната покана за Северна Македонија за приклучување во Европската унија, соопштија од кабинетот на Радев.
По поканата на Радев, на средбата ќе присуствуваат претседателката на бугарското собрание – Цвета Карајанчева, премиерот Бојко Борисов, вицепремиерот за правосудни реформа и министерка за надворешни работи – Екатерина Захариева, претседателите на парламентарните групи, претседателите на Комисијата за надворешна политика и собраниската Комисијата за европски прашања и контрола на европските фондови, како и претседателот на бугарската страна од заедничката комисија за историски и образовни прашања – Ангел Димитров.
По завршувањето на средбата, бугарскиот претседател заклучоците ќе ги презентира на прес-конференција.