Бугарското министерство за правда: Груевски не побарал и нема бугарски пасош

Фото: Ројтерс

Поранешниот премиер на Македонија – Никола Груевски, не е бугарски државјанин и нема бугарски пасош, соопштуваат од бугарското Министерство за правда како одговор на објавите во медиумите, кои се повикуваат на унгарските, дека Груевски избегал во Унгарија со бугарски пасош.

„Никола Груевски не е бугарски државјанин и нема поднесено документи за бугарско државјанство. Според податоците на МВР (се мисли на бугарското), на Груевски не му е издаден бугарски пасош“, соопштуваат од министерството.

„Проверете со бугарските власти“, бил одговорот на претставник на унгарските власти по објавата во унгарскиот весник „Непшава“ дека Груевски веројатно побегнал во Унгарија со бугарски пасош, пренесува бугарскиот Днес.бг.

 

Прочитајте и:  Влен: Претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно за враќање на Груевски
- Реклама -