Поезија и алкохол во едно – тоа е Буковски. Незамисливо е тој да земе да пишува без да пие, или да пие без да пишува. Знаејќи го тоа, дури и би се очекувало од него да напише ода за пивото, неговиот омилен пијалок. „Beer“ се појави во колекцијата поезија од 1971 – „Love Is a Dog from Hell“, и им оддава почит на безбројните испиени флаши пиво додека Чарлс „чекал нештата да станат подобри“, „по разделбите со жените“, додека „чекал телефонот да заѕвони“, додека „го чекал звукот на чекорите“.
А нештата не се подобруваат, телефонот не ѕвони, чекорите не стигнуваат… барем не до многу подоцна, кога се проследени со прекорното: „Што по ѓаволите си направил од себе? Ќе поминат три дена пред да можеш да ме ебеш.“ и трескање на вратата.
Жената, пишува Буковски, знае дека не треба да претерува со пиво, во стил на мажите, бидејќи тоа е лошо за нејзината фигура. Ма кој ја ебе фигурата; додека мажите полудуваат, таа „е излезена и танцува и се смее со напалени каубои“… Единствената утеха останува во пивото.
Анимацијава на NERDO ја оживува поемата на Буковски. Таа е манифест за животот на поетот и патување во длабочините на неговиот ум. А тоа не е мирно и безбедно патување.