На 3 септември од 18 часот во книжарница „Илика“, Мрежа Стела нуди можност да се сложи женската историја низ друштвената игра „Бунтовнички игри“ со чудата на девојките и жените од нашата историја.
,,Дознајте повеќе за жените кои се залагале за сè она што ние можеме да го живееме денес и направиле огромни чуда за нивните заедници и општеството. Поврзете ги жените со нивните достигнувања и играјте тимски или индивидуално на интересен и интерактивен начин под приквечерните сенки на кафе-книжарницата „Илика“. Ве очекуваме на игра, дружба и кафе! И не заборавајте да го споделите вашето чудо на tvoetochudo.mk и да бидете дел од мозаикот на чуда од девојки во нашата земја” велат од Мрежа Стела.
Настанот е во рамки на проектот „Еднакви можности за девојчиња и млади жени во Северна Mакедонија“, спроведен од Национален младински совет на Македонија – НМСМ и Stella Network со финансиска поддршка од Британската амбасада во Скопје.