Чарли Шин: „Не победував“

Во своето интервју за магазинот Rolling Stone, Чарли Шин се наврати на периодот кога имаше мал нервен слом, веднаш по отказот што го доби од комедијата „Два и пол мажи“.

„Јасно е, ќе те отпуштат, врските ти се никаде, тргнуваш на некаква турнеја, нема ништо победничко во тоа. Како некој што пропаѓа во жива песок смета нешто од тоа за победа? Се лажев себеси“ изјави Шин на прашањето за испадот по отказот што го доби од телевизиската куќа CBS.

Запрашан пак за неговиот алкохолизам, Чарли вели: „Функционира. Жал ми е, но функционира. Како и да е, не гледам ништо лошо во неколку пијачки. Кој е вашиот пијалак? Текила? Мојот е вотка, чиста. Отсекогаш сум велел дека мразот е за повреди“.

Откако започна да го средува својот живот, Чарли Шин повторно е во добри односи со неговата поранешна жена, Дениз Ричардс, во име на среќата на нивните деца, иако спијат во различни спални соби и немаат романтична врска.

Чарли Шин кон крајот на јуни се враќа на телевизиските екрани, во серијата “Anger Management”, којашто е базирана на истоимениот филм од 2003 година. Тој ќе го игра ликот што на големото платно го претстави Џек Никлсон. „Секој заслужува 24-та шанса“ ќе рече Чарли во трејлерот за ситкомот:

{youtube}wbOHhDyjuQ4{/youtube}

- Реклама -