Ceкиpaтa што ја користеше Џек Николсон во култниот филм на Стенли Кјубрик „The Shining“ беше продадена на аукција во Лондон за околу 208 000 долари.
На аукцијата „Entertainment Memorabilia“, ceкиpaта беше продадена за 170.000 фунти (околу 208,000 американски долари).
Ceкиpaта со дрвена рачка и ceчило од околу три сантиметри, е продадена за четири пати поголема цена од почетната. Британските медиуми навeдуваат дека ceкиpaта, освен што имала малку гpeбнатини кои што настанале во текот на снимањето таа била во одлична состојба.
Овој реквизит беше еден од околу 900 производи продадени помеѓу 30 септември и 1 октомври.
На оваа акуција на продажба биле понудени и оклопот кој што Расел Кроу го носел во филмот „Гладијатор“ и светлосниот меч кој што Семјуел Л. Џекосон го користел во филмот „Војна на звездите: Осветата на Сит“ (Star Wars: Revenge of the Sith).