Целулит: Како да го победите од дома?

Козметичарите советуваат секојдневно и лесно масирање после капење или туширање.Се смета дека до 90 отсто од жените имаат целулит, а истиот се создава поради бескрајно долг список на фактори. Обидете се во  своето секојдневие да вклучите неколку совети кои ви ги предлагаме и резултатите сигурно нема да изостанат.

Десет минути масажа

Козметичарите срдечно советуваат секојдневно и лесно масирање по капењето и туширањето, и тоа со креми и масла кои содржат рузмарин, чемпрес или костен.

Со крема масирајте најмалку 10 минути, и тоа на проблематичните зони со лесни и кружни зафати. „Најпрво ви порачуваме пилинг. Самиот третман нека содржи популарни состоики како : кофеин, зелен чај, карнитин, екстракт од див костен или винова лоза“.

Кожата не смее да биде сува

Не е на одмет неколку минути по масирање со антицелулитни препарати, кожата добро да хидрира, бидејќи хидратацијата е првиот чекор до зајакнатата видливост на целулитот, приказна која е слична со настанокот на брчките.

Доволен е хипоалергени лосион за тело кој содржи состојки како што се пантенол, алое вера, омега масни киселини, витамин Е или хијалуронска киселина.

-kafe-protiv-celulit

Пакување на целото тело

„Доколку сакате некој јак третман од дома, наједноставно е да се замотате во фолија и тоа во мешавина од глина, кафе или цимет. Во салоните за масажа се нудат и цела палета на апаративни третмани кои ја разбиваат масната ќелија, така што ја враќаат еластичноста на кожата и убавиот изглед“.

„Секако би ви препорачала да се посоветувате пред да го одберете самите третманот, доколку знаете дали имате проблем со срце, алергија, вени… Во тој случај сите третмани кои ви се чинат перфектни не се можеби идеалните за вас“, советуваат козметичарите.

Зрна од кафе

И за крај, доколку сетоа ова ви изгледа комплицирано, обидете се да направите масажа со зрна од кафе. Можеби ќе успеете со 10 третмани по 10 минути да се „решите “ од целулитот.

- Реклама -