Чести и бизарни ментални дијагнози

Менталното здравје е подеднакво важно колку и физичкото. Некогаш доаѓа до нарушување на менталната стабилност поради невнимание и надворешни фактори кои можат да се контролираат, но понекогаш настануваат одредени растројства врз кои и не можеме да влијаеме.

Инверзија на полот

Оваа е чудна дијагноза која се поставува кај лица кои иако анатомски се од еден пол, психолошки се чувствуваат сосема како да се од спротивниот пол бидејќи така се однесуваат и така функционираат. Во ваквите ситуации најчесто се оди на операција за промена на полот.

Детско биполарно пореметување

Детското биполарно пореметување вклучува нагла промена на однесувањето на детето. Тоа еден момент може да биде многу депресивно, а веќе во следниот момент да има манично однесување. Пореметувањето е многу специфично и се смета дека треба да се додефинира.

Прочитајте и:  Лекар тврди дека популарни додатоци во исхраната можат да предизвикаат оштетување на црниот дроб

АDHD кај возрасни

Пореметување на вниманието со хиперактивност (Attention deficit hyperactivity disorder – ADHD) кај децата е многу честа појава и се карактеризира со непостојаност во однесувањето, хиперактивности и импулсивност. Интересно е што овој синдром се јавува и кај возрасни и тоа во поново време многу почесто.

Аспергер синдром

Аспергер синдромот е растројство од аутистички спектар кога детето е високо интелигнетно и способно да учи, но друштвено никако не може да се вклопи и да функционира. Оваа дијагноза е слична на аутизмот и доколку психијатрите се согласат, аспергер синдромот може да се редијагностицира во високо функционален аутизам.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -